Африканските робови криеле мапи за бегство во плетенките

27.10.2020 13:40
Африканските робови криеле мапи за бегство во плетенките

 
Плетенките се среќаваат уште на сликите од Каменото Доба во висорамнината Тасили во регионот Сахара и нивната употреба потекнува уште од 3000 п.н.е.

Типот на фризура каде плетенката се плете многу блиску до кожата во нагорен правец со цел да се исплете единствен ред, во САД се вика cornrows. Името доаѓа од дизајнот на фризурата кој потсетува на редови пченка, а на Карибите се викаат canerows бидејќи потсетувале на редовите шеќерна трска (sugar cane) на кои работеле робовите. Додека многу вакви фризури се плетат во фини линеарни редови, тие може да се оформат и во разни геометриски и извиткани дизајни.

Плетенките имаат огромно културно и историско значење за луѓето со африканско потекло и нивната злоупотреба може да предизвика неодобрување и навреда за заедницата. Раширеното користење на оваа фризура од страна на белците многумина го сметаат за културна апропријација.

Плетенките имаат сопствен јазик и комуницираат разни општествени концепти во заедницата, како сродност, возраст, религија, етникум, статус и други нешта врзани за нечиј идентитет.


За време на Евро-американската трговија со робови кога милиони Африканци биле брутално отстранети од домовите и испратени во Новиот Свет (Америка) главите на заробените робови биле бричени не само од хигиенски причини туку и за да им ја одземат нивната култура и идентитет. Задржувањето на овие фризури низ генерациите во Америка претставувал мал чин на бунт и отпор со кој го задржувале своето наследство.

Но можеби меѓу најважните начини на кои овие фризури им помагале на африканските робови било преку обзебедувањето дискретен и скришен начин да создадат и пренесат мапи за бегство од заробеништво.

Бенкос Биохо бил некогашен крал кој владеел на островите Бисагос кај брегот на денешна Гвинеа-Бисао. Кога по неколку обиди конечно избегал од португалско заробеништво го изградил селото Сан Базилико де Паленке, во северна Колумбија, некаде во 17 век. Селото било со ѕидови оградено населено место кое требало да биде скровиште за избегани робови и да им помогне да се снајдат.

Биохо го изградил селото заедно со други избегани робови, создал и сопствен јазик, формирал војска и дури и разузнавачка мрежа со цел да најде робови, да ги организира и да им помогне да избегаат во ослободената област.

Биохо ја добил идејата жените да креираат мапи и дури да пренесуваат и пораки преку плетенките. Робовите ретко ја имале привилегијата да користат материјал за пишување а дури и ако можеле, таквите пораки или мапи лесно можеле да паднат во погрешни раце и да создадат проблеми за вмешаните луѓе, па така, плетенките биле совршеното средство. Никој не се сомневал дека тие се комуникациски алатки и циркулацијата на пораките биле лесна.

Биохо ги упатил жените и да користат семиња како декорација во косите, а овие семиња потоа ослободените робови ги користеле да одгледуваат свое жито.

Градот Сан Базилико де Паленде сѐ уште постои и има население од околу 3500 луѓе.

Надвор од африканската заедница плетенките сѐ уште се сметаат занехигиенски и несоодветни за изгледот на „нормалните“ граѓани. Африканците порано често имале забранет пристап на многу места поради тоа што ја носеле косата на таков начин кој делувал валкано, неодржувано и непрофесионално. Афроамериканките на работните места и денес често добиваат порака дека косата им е неприфатлива и дека мораат да ја променат.

Извор: ED Times

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото