Конкурс за рап песна на „Центар-Јадро“

30.10.2020 14:42
Конкурс за рап песна на „Центар-Јадро“

Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ организира конкурс за демо рап песна на кој може да се пријават сите неафирмирани македонски рап бендови или соло артисти.

Со овој повик „Центар-Јадро“ сака да го помогне развојот на домашната сцена и да им даде простор и поттик на талентираните рапери и раперки да ги раскажат своите приказни и искуства. Избраните бендови или артисти ќе добијат професионална сесија за снимање на оригинална музика, микс и мастер за песната во едно од студијата на Владимир Аговски Аго, Гоце Саф и Драги (Druggy), како и парична награда од 250 евра.

„Ги охрабруваме сите неафирмирани македонски бендови и соло артисти кои прават или сакаат да прават авторска музика и кои немаат официјално издание за некоја продуцентска куќа или настап на некој од поголемите фестивали (Таксират, Д Фестивал, итн) да се пријават на конкурсот. Покрај паричната награда, ќе имаат бесплатна можност за соработка со етаблирани продуценти и снимање во професионално студио. Комисијата составена од продуцентите што ќе ги продуцираат песните и еден член на КСП „Центар-Јадро“ од сите пристигнати демо-снимки ќе одбере 6 песни. Избраните артисти ќе снимаат целосно нова песна независна од нивната демо снимка“, велат од „Центар-Јадро“.

КСП „Центар-Јадро“ ја задржува можноста да ги објави сите пристигнати демо снимки. КСП „Центар-Јадро“ ќе ги објави сите 6 песни кои ќе бидат направени во професионалните студија на своите социјални медиуми. Демо снимките треба да бидат необјавени и неиздадени, во спротивно ќе бидат дискфалификувани.

Пријавите можат да бидат најдоцна испратени до 8 ноември. Конкурсот е реализиран со поддршка на Амбасадата на Швајцарија.

 

ОкоБоли главаВицФото