The Social Dilemma

31.10.2020 01:03
The Social Dilemma

Луѓето ме прашуваат што мислам за „The Social Dilemma“ на Нетфликс. Сенешто мислам, но еве еден конкретен впечаток: филмот во ниеден момент не се осмелува да го спомене сосема очгледното решение, очигледно барем за мене: дека услугите што ги нуди Big Tech треба да се организираат како глобално јавно комунално претпријатие.

Така може да се организира водоводот, железницата, телефонијата, медицинските услуги, образованието – зошто да не и компјутерските инфраструктури? Програмските алатки како Git ни даваат нови можности да организираме економска демократија, а да не зборувам за отворање на сосема нови хоризонти на размислување за вистинските човечки потреби – од другата страна на маркетингот, наспроти бизнис моделите и пазарниот фундаментализам. Ако Big Tech знае повеќе од самите нас за нашите неврози и патологии, ајде тоа знаење да го направиме општествено.

Звучи како фантазија? Тоа е најголемиот проблем: тоа што замислувањето на поинакви модели не сме во состојба да го третираме сериозно, што живееме внатре во една ситна кутиичка за која веруваме дека е единствената можна. Ако погледнеме колку, како генерација, сме во состојба да замислиме поинакви светови, веројатно сме помалку способни за тоа од која било генерација од Француската револуција наваму. За почеток, не сме во состојба ни да замислиме глобални јавни технолошки претпријатија со кои се управува демократски, во кои секоја личност има свој глас и удел – толку многу сме заробени во идеите за Капиталот и Нацијата. Ете, тоа е мојот првичен коментар за „The Social Dilemma“.

 

 

 

 

ОкоБоли главаВицФото