„Молец“ - анимиран филм

31.10.20 01:19

Молец или можеби многу молци мутираат низ неколку различни облици во анимираниот филм на сликарката, керамичарка и аниматорка, Алисон Шулник (Allison Schulnik). Се работи за дело кое фасцинира со сликаните прикази на субјектот што постојано се развива, се преобразува во ларва, змија, во други молци во силни бои и во човекот од песната на Ерик Сати во изведба на Недел Ториси.

Филмот е инспириран од еден молец кој се удрил во прозорецот, а уметницата го опишува како „лутање низ исконските емоции на раѓањето, мајчинството, телото, природата, метаморфозата и танцот“.Извор: thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото