Почина актерот Шон Конери

31.10.2020 15:30
Почина актерот Шон Конери

Шкотскиот актер беше најпознат по тоа што го толкуваше ликот на култнот таен агент Џемс Бонд. Шон Конери беше првиот што ја донесе улогата на големото платно и играше во седум продолженија на шпионскиот трилер.

Сер Шон Конери на 90 годишна возраст починал мирно во сон, во неговиот дом на Бахамите опкружен со повеќе членови на семејството. Тој бил „лошо веќе некое време“, изјави неговиот син.

Неговата актерска кариера траеше неколку децении и доби Оскар во 1988 година за улогата на ирски полицаец во „Недопирливите“.

Меѓу другите најпознати филмови на Сер Шон Конери беа „Лов на црвениот октомври“, „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“ и „Карпата“.

Тој беше долгогодишен поддржувач на независноста на Шкотска, велејќи во интервјуата во пресрет на референдумот во 2014 година дека може да се врати од неговиот дом на Бахамите и да живее во Шкотска доколку се изгласа отцепување од остатокот на Велика Британија.

ОкоБоли главаВицФото