Се казнуваат само оние кои не трошат пари по кафани?

02.11.2020 11:25

Над 80% од луѓето на Широк сокак вчера носеа маски при движење на отворено. А во исто време кафичите преполни, растојанието меѓу масите е исто како и пред пандемијата, и како со некоја магија таму да не фаќа вирусот, немаше ниту еден со маска (нормално, како ќе го пијат кафето преку маска). Повеќе од очигледно беше дека сите тие луѓе кои седат на иста маса не доаѓаат од исто домаќинство.

Во исто време, на десетина метри од кафичиве, полицијата казнува пешаци кои се движат на отворено без маски, а за овие настеганите в кафич нема никаков проблем. За мене ваквите мерки немаат никаква смисла.

Разбирам дека државата нема пари да ги покрие трошоците за угостителските објекти да не работат за време на пандемијата, но може да се спроведат други мерки. Како за почеток може да се регулира обезбедувањето на доволно растојание помеѓу масите, да се дозволува само луѓе од исто домаќинство на маса и слично.

Зашто вака, како што се сега поставени мерките, изгледа дека се казнуваат само оние кои не трошат пари по кафани.

Биљана Гинова, Фејсбук, 28.10.20.