Одложен новиот закон за абортус во Полска

04.11.2020 13:28
Одложен новиот закон за абортус во Полска

Полска ја запре имплементацијата на новиот рестриктивен закон за абортус, според кој абортусот би бил речиси целосно забранет. Полската влада извести за прекинувањето на процесот вчера, откако веќе две недели се одржуваат масовни протести против овој закон.

Стотици илјади активисти протестираа за своето право на абортус низ цела Полска, откако властите најавија воведување на рестриктивен закон за абортус пред две недели.

„Во тек е дискусија и потребно е време за дијалог и за наоѓање на нова перспектива во проблематиката која е тешка и предизвикува бурни емоции“, истакна Микал Дворжук, портпарол на министерот за здравство.

Промената на законот за абортусот требаше формално да се објави на 2 ноември, но не е објавена и нема легална моќ.

Полскиот премиер се сретнал и со активистите и со опозициските правни тела, во обид да се пронајде решение. Претседателот Дуда, кој доаѓа од десната партија „Закон и правда“ и во својата скорешна претседателска кампања имаше хомофобична и анти-абортус реторка, предложи нов закон кој ќе дозволува абортус на фетуси кои имаат терминални дефекти, но не и во случај на присуство на Даунов синдром.

На 22 октомври, судот ја усвои одлуката дека абортирање на фетуси нелегално, што значеше дека абортусите ќе бидат легални само во случаи на силување, инцест или опасност по животот на родилката. Скоро целосната забрана ќе го присили мнозинството од жените правото на абортус да го бараат во странство.

Ваквата одлука предизвика масовни протести во Полска, а стотици илјади активисти излегоа на улиците, блокирајќи ги улиците и попречувајќи ги собраниските седници и црковните миси.

„Сакам да живеам во земја каде абортусот нема да биде политичка тема. Земја во која такво нешто нема ни да се дискутира бидејќи е приватна работа. Но, исто така не сакам ни да се селам. Властите може да од**бат, јас ќе останам да се борам за правата на моите сестри“, изјави активистката Марта Плевичка.

Мнозинството од полските политичари исто така го искажаа својот бес поради одлуката. Веднаш по нејзиното објавување, членовите на центарот и левицата во парламентот, држеле натписи на кои пишувало „Срамно!“ и извикуваа про-избор слогани.

 Извор: The Guardian