Бизнис и претприемништво во Холандија не се учи во гимназија

05.11.2020 11:44

Во Македонија може да завршите гимназиско образование, и тоа општествено-хуманистичко или јазично-уметничко подрачје, а воопшто да не учите латински. За да го избегнете латинскиот, едноставно ќе ја изберете комбинацијата од предмети во којашто нема латински. Но, ако не ви се учи бизнис и претприемништво, немате избор! Ќе мора да си учите, без оглед на тоа дали сте избрале општествено-хуманистичко, јазично-уметничко или природно-математичко подрачје! Некој „умен“ оценил дека латински јазик треба да учат само некои, а дека бизнис и претприемништво мора да учат сите.

Во Холандија е поинаку. Едно школо во својот назив не може да го содржи зборот “гимназија” ако во него не се учи не само латински, туку и старогрчки јазик. Латинскиот и старогрчкиот во гимназиите во Холандија се изучуваат три години и тоа со многу солиден неделен фонд. Бизнис и претприемништво во Холандија не се учи во гимназија.

Светлана Кочовска Стевовиќ, Фејсбук, 29.10.20.