Дејвид Атенборо - „Живот на нашата планета“

05.11.2020 15:01
Дејвид Атенборо - „Живот на нашата планета“

 
„Природата ќе преживее, со или без нас“, вели Сер Дејвид Атенборо некаде пред крајот на својот последен документарец „Живот на нашата планета“ кој на почетокот на минатиот месец се појави на Нетфликс. Сјаен, но многу црн и песимистичен документарец кој Атенборовото сведочи за тоа како нашата планета оди во неповрат, но би можел да се сфати и како повлекување линија под бурниот и возбудлив живот на денес 93-годишниот бард на квалитетните документарни филмови за природата.

Не знам што да ви кажам, во последно време се’ повеќе пишувам за темите кои се бават со идејата на исчезнување на човештвото како такво: тука е сјајната серија „Слоборн“ која говори за смртоносниот вирус кој се шири по светот и против кој нема лек; пишував и за филмот „2067“, за црното сценарио на иднината во која човеката раса изумрела, а еве сега и документарец кој се бави со истата тема, само не од сај-фај гледиште туку од научно, втемелено на она што го гледаме околу себе.

Сер Дејвид Атенборо, ние, припадниците на старата гарда, го знеме уште од 1970-ите и 1980-ите ког серијата „Опстанок“ се појави на нашата тогаш оскудна ТВ-програма, а тогаш и за прв пат ја видовме прочуената фуснота „Одбрано од Џело Хаџиселимовиќ“ што ќе стане ознака за бренд од несомнен квалитет. Таква беше серијата „Опстанок“ но и бројни други серии и филмови кои Атенборо ги сними во своите речиси шест децении работа за британскиот BBC и безбројните патешествија по најдалечните катчиња на светот од врвовите на највисоките планини до најдлабоките делови од океанот. Заедничкото за сите негови проекти беше феноменалната камера, впечатливите и ретко видени сцени од растителниот и животинскиот свет, едноставноста и разбирливоста со која стариот мајстор се обраќаше на својата публика и ведриот и оптимистички пристап кон темите. Тоа беше популарна наука во најдобрата смисла на зборот.

Оттаму е малку зачудувачки што неговиот последен документарец започнува ни повеќе ни помалку туку во Чернобил, односно во градот Припјат чии 50 000 жители во 1986 година беа евакуирани по експлозијата на блиската нуклеарна електрана, што е сјајно прикажано во најдобрата ТВ-серија во 2019 година, „Чернобил“. Чернобил е можеби изолиран случај, само еден доказ за способноста на човекот да ја уништо својата околина, но тоа е воедно и едно мало каменче во големиот мозаик на деструктивни активности кои постојано се случуваат и кои можеби водат кон изумирање на човековиот род. Heavy stuff, а?


Навистина, не се сеќавам дека некогаш сум го гледал Атенборо вака сериозен, тмурен и песимистичен. Првите две третини од филмот се тежок чемер и јад бидејќи авторот, воедно и наратор, фино и разбирливо ни изложува зошто како планета одиме во неповрат: нагло и забрзано намалување на биолошката разновидност на планетата што води до изумирање на видот; константен пораст на бројот на луѓе кои денес се речиси 8 милијарди, а до 2100 би можело да не’ има и 11 милијарди; сечата на шумите достигна алармантни нивоа (милиони стебла се сечат секоја година); исчезнувањето на голем број животински и растителни видови; зголемувањето на нивото на јаглерод; топењето на ледот на поларните плочи; загревањето на океанот и порастот на глобалните температури предизвикано од човековото делување итн.

Славниот природен научник предупредува дека низ историјата Земјата доживеала пет изумирања на видовите, од кои последно било изумирањето на диносаурусите. Тие катастрофи биле или резултат на изненаден удар од метеор, кој ги докрајчил диносаурусите, или последица на стотина милиони години климатски пореметувања, но ние луѓето во ситуација на шесто изумирање сме се довеле за се’ на се’ 200 години индустриска револуција.

За оние кои се родени деновиве, Атенборо нема убави вести: предвидува дека џунглата Амазон ќе се претвори во негостољубива савана, ќе продолжи топењето на Арктикот и затоплувањето на океаните, а просечната температура би можела да биде поголема за 4 степени Целзиусови, што големите делови од земјата ќе ги направи ненаселливи пустини. Ќе дојде до изумирање на билките, па на животните, па на луѓето, бидејќи сите сме дел од тој природен ланец на Земјата. Некои од тие црни прогнози би можеле да се остварат веќе за десетина или дваесетина години, некои можеби за сто години, но резултатот е ист: одиме во бездна пеејќи.

Сепак, да не биде се’ баш така црно, Атенборо во последната третина од филмот ни вели дека се’ уште не е доцна да го промениме таквиот тек на историјата и предлага бројни решенија: најважно за обновување на планетата, според него, е да се обнови нејзината биоразновидноста и да се врати дивината во светот. Второ, треба да се намали човечката популација, но не со превентивна дехуманизација како што тоа го замисли Крлежа туку со воедначен развој, со ублажување на сиромаштијата, низ подобра здравствена заштита, подобро образование на жените, што доведува до помал наталитет. Како пример ја дава Јапонија каде просeчен број деца во семејството во 1970-ите бил три, во 1990-ите две, а денес е едно и сите се среќни и задоволно. (А кој денес-утре ќе работи во нивните фабрики, тоа не го кажува, но тоа и онака е тема за некој друг филм...).

Документарецот е полн со воодушевувачки кадри од природата

Секако, се залага и за крај на користењето фосилни горива кои највеќе ја загадуваат атмосферата и премин на обновливи извори на енергија (Сонце, вода, ветер, геотермални извори...). Намалувањето на риболовните подрачја за третина ќе доведе до брзо обновување на рибниот фонд, па, последично, до поголеми количини риби кои подоцна ќе можат да се уловат; користење нови технологии за обработка на земјата за развој на органско земјоделство (пример: Холандија), запирање на сечата на шумата што поскоро, а тука е и препораката со која лично имам највеќе проблеми: да се јаде што помалку месо, а што повеќе билки и да се премине на вегетеријанство. Па дај, Сер, со се’ што кажа досега се сложувам, но со ова ме погоди таму каде што сум најчувствителен и тука повлекувам линија преку која не може. Ги прифатив поголемиот број благодети на чистата и одржлива околина, го одвојувам ѓубрето, не фрлам отпадоци по улица, не фрлам храна, но нема шанси да престанам да јадам месо. Па ако поради таа моја тврдоглавост пропадне човештвото, нека пропадне, не ни заслужило нешто подобро, што е до мене...

Атенборо потенцира дека немаме многу време. „Ако делуваме сега, се’ уште можеме да поправиме, да го ограничиме своето влијание, да ја промениме насоката на нашиот развој и одново да станеме вид кој живее во хармонија со природата. Се’ што е потребно е волја. Земјата ја сметаме за своја планета, која човештвото ја управува во корист на човештвото. Малку место оставивме за остатокот од животинскиот свет. За ншата планета да ја направиме стабилна, мораме да ѝ ја вратиме биоразновидноста, баш она што ѝ го одзедовме. Тоа е единствениот излез од кризата која сами си ја создадовме. Светот повторно треба да се направи „див“, вели Атенборо едноставно, директно и без патетика. Природата може да се регенерира под услов луѓето да сфатат дека се работи за нашиот опстанок. Бидејќи, овде не се работи за спасување на нашата планета, туку за спасување на самите нас.

Воздушна фотографија од карпи лед во топење

Затоа „Животот на нашата планета“ и завршува таму каде што започнува, во застрашувачки празниот и напуштен Чернобил, но кој никако не е мртов туку напротив, полн со живот: целиот град е обраснат со шума и вегетација која се проширила по напуштените згради, станови и простории. Само што тој живот сега не го сочинуваат луѓето: диви животни лутаат по градот, а птици пејат во високите крошни на дрвата. Сето тоа покажува дека мајката природа како камелеон успева да се прилагоди и ги преживее дури и условите на нуклеарна катастрофа. „Со нас или без нас, природата ќе преживее“, заклучува Атенборо на крајот од своето филмско сведоштво.

Освен што овој документарец, кој трае некои 80-тина минути, претставува предупредување за сите нас што не’ чека ако не се опаметиме, не можам да се ослободам од впечатокот дека тој претставува и своевиден инвентар на кариерата и животот на Дејвид и повлекување црта под бурниот и исполнет живот на авторот. Низ филмот гледаме многу исечоци од неговите рани филмови и серии, почнувајќи уште од далечната 1954, па така имаме прилика да ги следиме драматичните и катаклизмични пореметувања на климатските промени во текот на еден единствен животен век.
Старецот делува уште силен и вешт пробивајќи се низ чернобилските рушевини, но со 93 години на грбот, прашање е уште колку долго. Јебига, не сме сите Манолиќи и Број Еден, па ако планирал, малку нескромно, овој филм да му биде епитаф, мислам дека завршил сјајна работа.

Ма, тој завршил сјајна работа во која смисла и да го толкувате овој документарец. Ккао што реков, Атенборо е бренд, и тоа бренд од исклучителен квалитет.

Извор: https://zlihadzoponovojase.wordpress.com/