(Не фрлај го зборот како камен...)

05.11.2020 19:10

Не фрлај го зборот како камен
во празно,
ниту чекај да вивне во пламен.
Ќе дојде сам.
Ќе мине како сокот
што патува од коренот до врвот
на дрвото ‒
низ тајни места;
дури потоа ќе разлиста,
ќе расцвета
и плод ќе даде ‒
но не на некоја кревка гранка
извишена во скокот,
туку ‒ во свеста.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото