„Добра градба“ - фотографии од карантин

06.11.20 13:13

Фотографот од Масачусетс, Ник Мејер (Nick Meyer) размислува за моменталната состојба во светот во карантин. Серијата „Добра градба“ (Good Bones) е еден вид временска капсула за еден период што не може да се објасни. Серијата не е документ, објаснува Мејер, туку апстрактно размислување: „Се обидувам да го разберам овој временски период што одбива да биде поврзан со кој било рационален или познат начин на сфаќање на нештата“.

„Со изработката на „Добра градба“ сакав да го покажам пропаѓањето на оваа земја или светот или моето лично пропаѓање… се обидував да ја откријам смислата, каде сме… обидувајќи се да создадам свет за моите деца… Но, со мојата расеаност, повторно се враќам на вознемиреноста, лутината, неизвесноста...“, вели Мејер.

Извор: booooooom.com

Слични содржини

Фотографија / Психологија / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око
Фотографија / Екологија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото