Добра градба

07.11.2020 22:48

Животот е краток, иако не им кажувам на децата.
Животот е краток, а јас си го имам и скратено
со илјадници слатки, непромислени работи,
со илјадници слатко непромислени работи
што нема да им ги кажам на децата. Од светот
барем педесет отсто застрашува, што е воздржана
проценка, иако не им кажувам на децата.
За секоја птица има по еден камен фрлен по птицата.
За секое сакано дете, по едно скршено, ставено во вреќа,
потопено во езеро. Животот е краток и најмалку половина
од светот застрашува, па за секој добродушен
непознат има по еден што би те скршил,
иако не им кажувам на децата. Сакам да ги убедам
дека светов нешто вреди. Секој добар посредник со
недвижности, додека покажува некое посрано ќоше,
ломоти за добра градба: Овде може да биде прекрасно,
нели? Вие може ќе го претворите во нешто прекрасно.

Препев: Магдалена Хорват

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото