Јас ставив точка, а ветрот запирка

08.11.2020 15:34
Јас ставив точка, а ветрот запирка

 

Кокошка полиглот сака да биде кремирана во супа со букви.

 

Да, можело женско од петел да биде петелашка наместо кокошка, но животот не е бајка, сине.

 

Никој не те ни прашува како сакаш да дојдеш на овој свет; можеби сакаш да дојдеш со опрашување, наместо штрк да те носи пчелка?

 

Не мора да си играорец за да го прошеташ светот, може да си и ветре.

 

Морскиот брег не е при бран цел ден.

 

Вештачко си е езерово уште од брана возраст.

 

Полжавот што сакаше да вдоми маче ја изгуби куќата на коцка.

 

 

Жирафа е коза воајер.

 

Лебарка на диета е арка.

 

Дали зелка што пие нафта е дизелка?

 

Акупунктурава е ежење.

 

Виножито е облаче што лобува.

 

Облачност: Сонцето реши да се нашминка и ми ја потроши целата сенка.

 

Светлината нарачува срповидни специјалитети од Месечеви мени.

 

Јас ставив точка, а ветрот запирка.

 

 

Хулиган се заљубува во луксузен хотел и почнува да му симнува ѕвезди.

 

Доброто кај правосмукалката е што и да не усисуваш таа си фаќа прашина.

 

Влегува торба во Центар за странски јазици и станува несесѐр.

 

Како да му објаснам на тракторот зошто не го палам?

 

Долгометражен филм: „Две стоногалки прават 'да пукне'“.

 

Огнот доби оскар за гламна, а ринглата за шпоретна улога.

 

Комарец прелета пред мене и се направив дека не го гледам. Нека се подразмисли малку.

 

Да не знае некој кој е на Аутан комарцијален директор?

 

Колажи: Julia Lillard

 

ОкоБоли главаВицФото