Цветање

10.11.2020 21:24

 

Кога мртвите го планираат своето следно раѓање
гробиштата мирисаат на пролет.

Приоѓаат поблизу од соништата
талкајќи подалеку од своите светови
за да умрат во светот.

Ги здогледуваш ненадејно, телото ти трепери
кога минуваат покрај тебе божем покрај дух.

Засводениот видик, синото небо, неколку лесни облачиња
се тенка завеса, немоќна да те заштити.

Звуци на ѕвона и морски школки се ближат до твоите уши.
Секој вдишен здив е присуство.

Напролет сѐ повторно се разголува до кожа.
Болскотни огледала висат на ветрот,

насекаде цветаат очи.


Превод: Зоран Анчевски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото