Дијагнозата е „Голема Бугарија“

10.11.2020 22:29

Бугарите имаат колективен имунитет на еден вирус повеќе од сто години. За него не е потребна вакцина. Отпорноста е вродена со мајчино млеко. Дијагнозата е „Голема Бугарија,“ а заразата е пренесена од Сан Стефано од 1878 година. Таа пандемија во мутирани форми трае до ден денешен и ќе трае уште долго оти е неодживеан и неостварен сон кој останал нацртан само на географските карти и во меморијата на нашите мили комшии и браќа одржувана со митови и пропаганди рамно 142 години.

Вирусот е појавен на трети март 1878 година во селото Сан Стефано, или Јешил ќој, денес модерен кварт на Истанбул на оддалеченост од десетина километри од центарот на градот каде е склучен мировниот договор меѓу Русија и Османлиското царство по руско – турската војна. Во таа, скроена на маса Голема Бугарија, се корените на вирусот кој не може да се излечи бидејќи на Берлинскиот конгрес, по неполни три месеци од март до јуни – јули е избришана на ист начин како и што е нацртана картата.

Ерол Ризаов, Дојче Веле, 04.11.20.