МСУ организира предавање на познатата политичка теоретичарка Шантал Муф

11.11.2020 13:36
МСУ организира предавање на познатата политичка теоретичарка Шантал Муф

Музејот на современата уметност - Скопје во рамките на Интердисциплинарната програма продложува со циклусот онлајн предавања под наслов „Без/редие во светот на уметноста“.

Утревечер, четврток, 12 ноември во 19.30 часот предавање ќе одржи Шантал Муф насловено „Улогата на афектите во агонистичката политика“.

Шантал Муф е професорка на Вестминстер Универзитетот во Лондон и воедно водечка политичка теоретичарка, најпозната по нејзиниот пост-марксистички и пост-структуралистички пристап кон политиката и политичкото. Во својата концепција за радикалната демократија Муф ги вклучува и културните и уметничките практики како клучни во критичките и агонистички делувања.

Шантал Муф заедно со Eрнесто Лаклау е автор на книгата „Хегемонијa и социјалистичка стратегија“ (1985), која се вбројува меѓу највлијателните книги во однос на радикалната политичка теорија. Исто така, таа е автор на бројни публикации меѓу кои „Враќањето кон политичкото“ (1993), Демократскиот парадокс (2000), „Наследството на Витгенштајн: Прагматизам или деконструкција“ (2001), „Агонистика: Промислувајќи го светот Политички“ (2013), „За левиот популизам“ (2018).

Автор на проектот „Без/редие во светот на уметноста“ е Тихомир Топузовски.