1021 hPa
30 %
18 °C
Скопје - Сре, 11.03.2026 16:59
I
Таа ја сака љубовта. Јас не. Мене ми се допаѓа таа, како и тоа што ја сака љубовта. Јас не ѝ пружам љубов. Јас ѝ пружам страст обвиткана во зборови, мноштво зборови. Таа се залажува, мисли дека е тоа љубов, и тоа ѝ се допаѓа; го сака измамникот во мене. Јас не ја сакам и не се залажувам со привидот, јас нејзе не ја сакам. Нашето е нешто сосема вообичаено: двајца кои истрајуваат заедно поради едно нејасно чувство и друго кое е погрешно. Среќни сме.
II
Тој верува дека јас сум заљубена во љубовта, а дека него го интересира само секс. Го пуштам да верува во тоа. Кога моето тело ќе го возбуди, тој тоа го припишува на сопствената страст. Но ме сака. Го оставам во заблуда оти го сакам. Мошне добро знам дека ќе бидеме среќни сè додека тој верува дека не се сакаме.
Превод: П. В.