1025 hPa
77 %
14 °C
Скопје - Сре, 16.10.2024 08:59
Веднаш да објаснам: некој исклучително духовит го означил Јанез Јанша, претседателот на владата на Словенија, како „маршал Твито“ по неговата скандалозна серија твитови. Со нив Јанша не само што ја осрамоти земјата која ја води во меѓународната дипломатија, туку и сериозно ги загрози односите на САД и Словенија, поставувајќи ја меѓу земјите за кои не се знае ништо, освен ако добијат кловн на висока позиција. Снајката Меланија нема смисла да се повикува... Накратко, Јанша пред објавубањето на резултатите му честиташе на Трамп на победата, додавајќи дека Бајден би бил „меѓу најслабите претседатели на САД“. Бајденовиот човек за меѓународни работи веднаш реагираше. Тогаш Јанша го протолкува својот твит дека всушност изразил поддршка за републиканците, на кои им е политички близок: тој вид објаснување може да го прифати само неговата телевизија. Конечно, изрази сигурност во натамошното развивање на односите со САД, бидејќи истите не можат да се откажат од словенечкото сојузништво... За тоа време, медиумите на Јанша упорно ги пренесуваат најлудите лажни вести на американските десничари за фантастичните кражби на гласовите на Трамп и докажуваат дека претходните словенечки влади упорно ги расипувале односите со САД. А светот се весели поради заминувањето на Трамп.
Освен ужасниот срам, тоа е најверојатно терминален знак на кризата која, како помалку или повеќе секое учествувње на Јанша во власта досега, мора да заврши со скандал, побуна или – се надеваме – нешто уште подобро. Минатиот четврток, на денот на Гај Фокс, неуспешното спалување на британксиот парламент и детската песничка („Remember, remember, the 5th of November“), најавен беше протест на групата Анонимус (оние со маската на Гај Фокс). Се работеше за местенка, и пред парламентот се појавија неколку стотини фудбалски навивачи-разбивачи, истерувачи и припадници на приватни обезбедувања, кои со голем ентузијазам почнаа да се маваат меѓусебно, а потоа и со робокаповите. Имаше и нешто залутани демонстранти кои не го виделе навреме објаснувањето на организациите кои досега ги водеа протестите. Никакви пароли, никаков текст, весели машини и кукли, само тепачка. На тоа вистинско бојно поле на кулминацијата се појави министерот за внтрешни работи, заштитен од сите страни, главно за на медиумите да им порача дека тие се виновни, со нив секако и опозицијата и оние вистинските побунети кои се појавуваат во петок. И со помалку знаци би било јасно дека се’ беше организирана претстава. Воопшто не се сомневам во искреноста на самите учесници во тепачката, едвај дочекаа таква можност, можеби дури и доброволно и против кого било. Теретаните се затворени... Но власта мораше да докаже дека паролата „Смрт за јаншизмот“ е закана за смрт за самиот Јанша, и дека духовитата инсталација пред министерството за култура (работни маси, заедно со имињата, испрскани со црвена боја) е директна смртна закана за назначените, на чело со министерот: неговата работна маса е дополнета со шише, омилениот предмет во секојдневието на министерот.
Во тепачката, освен огромниот број робокапови, учествуваа и коњи, еден воден топ и еден хеликоптер, учесниците одговараа со петарди, камени коцки и друго ладно оружје. Еден фотограф заврши во ургентен центар и уште е на лечење, туаници добија и некои новинари, повреден е и еден коњ. Имаше доста уапсени, казнети уште повеќе. Министерот особено инсистираше на камените коцки, кои е тешко да се најдат во центарот на Љубљана, а таму каде што ги има, не е забележан недостаток. Исто така, немаше барикади. Но потврдувам дека хеликоптерот ги излуде жителите, и дека многумина излегоа на улиците и балконите за да му ги упатат најсмртоносните пцовки на неподносливиот кревач на паника. По неколку часа лутање по улиците, центарот изгледаше страшно – не колку по дочекот на Нова Година, но поголеми последици на „уништување на јавната и приватната сопственост“ не можеше да се видат. Немаше скршени излози, никој немаше крадено.
Кому му одеше во прилог театарот на насилство? Несомнено, на владата, која едноставно сака побуната да стане насилна, онаква каква што од почеток ја прикажува во својот медиумски центар. Особено е важно да се поврзат „насилниците“ со иницијативата на четири леви и лево-централни партии, предводени од економистот Јоже Дамијан. Некогаш министер во владата на Јанша, тој сега е најблизок до определените за Јанис Варуфакис. Коалицијата под името КУЛ (коалиција на уставниот лак) отворено сака да ја смени сегашната влада, за што ѝ требаат неколку гласови од коалицијата на Јанша. Тука теренот не е само лизгав, туку баш валкан. Тоа се претставници на помали партии кои немаат речиси никакви шанси на следните избори, и стапиле во коалиција за да ја зачуваат својата позиција барем уште две години. Така судбината на промените и враќањето во реалноста и на човечноста во политиката зависи од најлошите и најкористољубивите... Добра точка, на која побунетите би можеле да свртат грб, бидејќи од нив не зависи ништо. Јавното мислење успешно го променија и овозможија посмели политички потези. Незгодната владина претстава на „насилство“ сега ги обврзува побунетите да ги одржат својот стил и своите акции. Јанша повторно ги помеша конците, повторно на своја штета... Покрај епидемијата, огромниот број заболени и мртви, насобраните грешки на владата и гафовите на претседателот на владата, само уште неговите можат да замислат како од јули Словенија ќе го преземе кормилото на ЕУ на половина година.
Маршал Твито никогаш нема да јава на чело на колоната.
Извор: Pescanik