Винтиџ сликовници: „Земјата каде што расте сладолед“

12.11.2020 17:37
Земјата каде расте сладолед

 

Ентони Барџис, славен поради својот роман Пеколен портокал (A Clockwork Orange), двапати се впуштил во светот на книгите за деца, и двата пати со одличен резултат. Првото дело е насловено Долго патување до времето за чај (A Long Trip to Teatime), а второто е Земјата каде расте сладоледот (The Land Where the Ice Cream Grows).

Мапа на земјата на сладоледот

Барџис ја напишал книгата базирана на приказна од Фулвио Теста и, како што вели насловот, се работи за свет направен од сладолед. Приказната започнува како од филм на Вес Андерсон.

Еден ден Џек и Том и јас си вечеравме. На соседната маса седеше сам еден голем, црвен во лицето човек, и само што беше изел стек голем колку уво на слон. Келнерот му рече: „Дали сега би сакале сладолед, господине?“ Човекот речиси експлодираше и рече: „Сладолед?! Не сакам никогаш веќе ни да видам сладолед!“ Нормално, ги наостривме ушите кога го дочувме ова, и отидовме да разговараме со него. Ни кажа за земјата каде расте сладолед и како да ја најдеме. 

Така, изнајмуваат апарат за 523 пинг-понг топчиња на месец, и двајцата поведуваат експедиција за да ја најдат оваа земја на леденото млеко. Книгата е преполна со вкусни јазични игри и преплетувања.

Ќе забележите дека носиме темни очила, поради отсјајот.

Дали сите полудуваме, или навистина го видовме она што мислиме дека видовме? Одејќи крај нив, овие огромни наноси со црешички на врвот изгледаат како да се движат, нишајќи се на сладоледното ветре.

Ужасна работа, ова сладоледов. Најужасната работа на светот.

На крајот има симпатичен пресврт за Џек и Том што ја прави приказната уште понеодолива (како планините замаглени од шлаг, реките полни со чоколаден прелив, џиновските лижавчиња и уште поголемото чудовиште што јаде сладолед, да не се доволни).



Извор: Children's vintage books

ОкоБоли главаВицФото