Сопствениот свет

13.11.2020 13:25

Бидејќи беше осамен и изложен на непристапниот и неподнослив свет, се обрати кон еден од оние волшебници на кои специјалност им е урбаното отуѓување. Волшебникот во него произведе топло и нежно чувство, својствено за децата. Му создаде пријатели и го натера да ги сака и да им биде верен. Му го оживеа телото, обновувајќи ја неговата заслабната моќ. Секој петок во единаесет навечер го водеше да седне на масата на едно кафуле со една блондинка со милозвучен глас и со крупни, сини очи. Љубовта што таа девојка му ја пружаше беше поубава од која било дотогаш осетена: мирна и нежна тогаш кога тој така сакаше, насилна кога себе сакаше да си даде оддишка, изопачена тогаш кога неговата фантазија така бараше. Откако ќе го доживеаја врвот, ја опсипуваше со бакнежи и милувања, како да беше стварна.

Превод: П. В.

Раул Браска (Raúl Brasca, 1948, Буенос Аирес, Аргентина), студирал хемиско инженерство. Паралелно са основната професија се занимавал со книжевност. Автор е на книжевни критики, есеи и кратки наративни форми. Објавил еданаест збирки микрораскази од кои најпознати се За илјадата љубови (De mil amores), Антологија на краткиот и таинствен расказ (Antología del cuento breve y oculto), Невидливата придружба (Comitivas invisibles) и Целото идно време беше подобро (Todo tiempo futuro fue peor). Се смета за еден од најзначајните автори на кратки раскази во шпанското говорно подрачје.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото