
Фотографијата на Наташа Гелева се одликува со врвна префинетост и со снажна комуникациска моќ. Нејзин особен сензибилитет е оној на провокативното, субверзивното, пркосното уловено низ емоција на блискост, чистота и ширини.
Приложениов необичен избор на фотографии особено го потенцира широкиот креативно-спознаен распон на исклучителната фотографка.