Ја направи коцката, а таа и понатаму го мачи

14.11.2020 16:53
Ја направи коцката, а таа и понатаму го мачи

На првиот човек кој успеал да ја реши Рубиковата коцка му требало цел месец да ја одгатне. Тоа бил нејзиниот творец, ненаметливиот унгарски професор по архитектура, по име Ерно Рубик. Кога во 1974 – тата година ја измислил коцката воопшто не бил сигурен дека таа некогаш може да биде решена. Подоцна, математичарите пресметале дека постојат 43.252.003.274.489.856.000 различни начини да се наредат коцкичките, но дека е точна само една од овие комбинации.

Кога по неколку фрустрирачки недели, Рубик конечно успеал да ги нареди коцките, кажал дека бил преплавен со „чувство на успех и олеснување“. Но кога ова ќе го слушне новата генерација на „спидкјубери“, како што ги нарекуваат оние што многу брзо ја решаваат Рубиковата коцка – јасно му дека не се многу импресионирани затоа што Јушенг Ду од Кина, пред две години го постави светскиот рекорд, решавајќи ја коцката за 3,47 секунди.

Но, имајте на ум, пишува Рубик во својата нова книга „Cubed“, во тој момент никој не успеа тоа да го направи. Во речиси петте децении колку што поминаа од изумот, Рубиковата коцка стана една од најмногу збунувачките и излудувачките загатки кои се измислени во историјата на човештвото. Се проценува дека ширум светот досега се продадени повеќе 350 милиони коцки.

Но човекот кој е виновен за сето ова никогаш не го сакал вниманието на јавноста, па и тој самиот останал помалку мистериозен. Книгата насловена „Cubed“ од една страна се неговите мемоари, а друга страна претставува интелектуална расправа, но можеби најмногу е љубовна приказна за неговиот однос кон својот изум. Рубик сега има 76 години и за мотивот да ја напише книгата вели: „Мислам дека главната причина беше тоа што се обидувам да разберам што всушност се случи и зошто? Која е вистинската природа на коцката?“ Тој за коцката зборува како да му е дете.

„Многу сум ѝ близок. Таа растеше со мене и сега отприлика е вво средовечни години, така што по нешто знам за неа. Она што навистина ме заинтересира не беше само нејзината природа, туку природата на луѓето кои се занимаваат со неа, односот помеѓу луѓето и коцката“, додава тој.
Ерно Рубик е роден 1944 година, во Будимпешта. Неговиот татко бил инжинер и дизајнирал воздушни едрилици. И како момче, Ерно сакал да црта, слика и да ваја. Студирал архитектура на Технолошкиот универзитет во Будимпешта, а потоа на Колеџот за применети уметности. Станал опседнат со геометриските модели. Кога станал професор држел предавања по нешто што се нарекува описна геометрија. Неговите студенти со помош на дводимензионални слики ги претставувале тродимензионалните проблеми.

Во 1974 година, работел нешто во својата спална соба за која се сеќава дека изгледала како џеб на некое дете, со боички, канапи, федери и еден куп шарени хартивчиња. Таму имало и многу коцки од дрво и од хартија што самиот ги направил.

„Еден ден, а сè уште не знам зошто“, како што пишува тој, се обидел да спои осум коцки, така што ќе можат да бидат и споени но и да можат да се менуваат на позициите. Направил коцкички од дрво, па потоа им направил дупки на нивните агли за да ги поврзе. Набрзо предметот сосема се распаднал.

Многу обиди подоцна, Рубик сфатил каде прави грешка, набрзо направил цврст и статичен предмет, кој во исто време бил и флуиден. Надворешноста на коцкичките ја обоил со жолта, сина, црвена, портокалова, зелена и бела боја, за да вртењето биде уште повоочливо. Направил едно движење, па уште едно и уште едно. И веднаш се изгубил во живописниот лавиринт.

Откако успеал да ја решисопствената загатка, Рубик поднел барање во канцеларијата за патенти за „тродимензионална логичка играчка“. Еден производител направил 5.000 примероци. Во 1977 година Рубиковата „Buvos Kocka“ или преведено од унгарски јазик „магичната коцка“ го имала своето деби во Унгарија. За две години биле продадени 300. 000 коцки. Потоа Рубик потпишал договор со американската компанија „Ideal Toy“. За три години компанијата продала 100 милиони Рубикови коцки.

На почетокот тој не добивал плата од производителот на играчката, ниту процент од продадените примероци. Живеел од професорската плата од околу 200 долари месечно. Подоцна, во Унгарија отворил студио за дизајн.

Деновиве, тој главно чита научна фантастика, игра пинг понг и се грижи за својата градина. Но и понатаму размислува за сите можности на коцката.

Извор: The New York Times

 


 

Слични содржини

Наука / Технологија / Живот
Психологија / Наука / Живот
Наука / Технологија / Живот

ОкоБоли главаВицФото