„Кажи не кога треба да кажеш да“ - Мањифико

16.11.20 12:17

Словенечкиот музичар Роберт Пешут - Magnifico ја претставува својата нова песна насловена "Say No When You Gotta Say Yes" - музички коментар на уметникот за сегашноста и за моментот во кој секој од нас може да биде „чкрапалото на промените".

„Нека на патот до слободниот дух, нѐ водат дрскоста, хуморот, разиграноста и сопственото размислување" - порачува Magnifico.

Видеото за новиот сингл е снимено во едноставна форма, со помош на iPad и со ефектите кои се достапни низ социјалните мрежи. За режијата е одговорен Марк Пирц (Studio 7), кој со Magnifico соработувал и на песната „Pegica".

 Извор: Youtube

ОкоБоли главаВицФото