Црно сонце

18.11.20 13:14

Фотографиран во мочуриштата на југот на Данска, проектот на Сорен Солкер (Søren Solkær) документира еден од најпознатите воодушевувачки феномени на природата.

Фотографскиот проект „Црно сонце“ се фокусира на тивките предели од детството на данскиот фотограф каде скоро еден милион птици сколоврани се собираат за време на пролетната и есенската сезона. Фотографиите се направени во самрак, ги врамуваат птиците преселници додека се движат по небото и ги трансформираат во унифициран ентитет.

На моменти се чини дека јатото поседува кохезивна моќ на флуид, менувајќи ја формата во бесконечно движење: Од геометриска во органска, од цврста во флуидна, од реалност до сон - размена која престанува да постои во реално време. „Ова е моментот што се обидов да го фатам - фрагмент од вечноста“, вели авторот.

Извор: thisiscolossal.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото