„Што е силеџија“ – нова претстава на Театарот за деца и младинци

18.11.2020 14:28
„Што е силеџија“ – нова претстава на Театарот за деца и младинци

Во Театарот за деца и младинци вечерва(18 ноември) во 19 часот, премерно ќе биде изведена младинската претставата „Што е силеџија” во режија на Хана Миленковска, која заедно со Горјан Милошевски се автори на текстот.

Во претставата на прв план се опфаќаат проблемите поврзани со врсничкото насилство, поточно силеџиството во едно средно училиште. На втор план, всушност, подлабоко вграден во самата драмска содржина се прикажува проблемот на силеџиството во општеството, како и на гневот што го носиме во себе кој предизвикува друг гнев.

Темите кои се застапени во текстот чии автори се Горјан Милошевски и Хана Миленковска, произлегуваат од еден сложен синџир, од еден долг синџир на односи, трауми, случки, силеџии од детството, силеџии од сегашноста итн.

„Имено, веќе не е доволно и не помага само да се зборува за силеџиите и нивниот чин на насилство, да се прави претстава или филм во кој гледаме како насилни индивидуи малтретираат други индивидуи. Веќе живееме во време кога сме освестени за повеќеслојноста на овој проблем. Мора да се најдат причините, настаните, луѓето кои од едно нормално дете, еден чист човек направиле силеџија. Кои се силеџиите на силеџиите? Кои се факторите за еден човек да манифестира силеџиство? Со режисерката, Хана, овие проблеми и овие прашања ги разгледуваме преку триаголникот: семејство, игралиште и школо. Значи причините мора да се бараат во минатото, во околните причинители, средината: семејството, училиштето и местата каде младите играат со своите другари“, вели Милошевски најавувајќи ја претставата.

Улогите ги играат: Никола Наковски, Петар Стојанов, Мики Анчевски, Матеа Јанковска и Ангела Димитрова.

ОкоБоли главаВицФото