Целото идно време беше полошо

18.11.2020 16:38

Минатата вечер, под дождот од куршуми кои го решетаа, низ толпата избега од полицијата.

Се сокри во крошна на дрво, гранка се скрши и тој заврши врз железна ограда, прободен. Се симна од оградата, заспа на ѓубриште и беше заробен од механичка лопата. Лопатата го пушти, падна на подвижна лента и беше притиснат од тони ѓубре. Лентата го доведе до печка, тој не сакаше да влезе и почна да се повлекува.

Ја остави лентата и премина кон лопатата, ја остави лопатата и премина кон ѓубриштето, го остави ѓубриштето и падна врз оградата, ја остави оградата и се сокри на дрво, го остави дрвото и ја побара полицијата.

Минатата вечер, со гради изрешетани од куршуми, се сруши како секој кога ќе го наполнат со олово: наполно мртов.

Превод: П. В.

Раул Браска (Raúl Brasca, 1948, Буенос Аирес, Аргентина), студирал хемиско инженерство. Паралелно са основната професија се занимавал со книжевност. Автор е на книжевни критики, есеи и кратки наративни форми. Објавил еданаест збирки микрораскази од кои најпознати се За илјадата љубови (De mil amores), Антологија на краткиот и таинствен расказ (Antología del cuento breve y oculto), Невидливата придружба (Comitivas invisibles) и Целото идно време беше подобро (Todo tiempo futuro fue peor). Се смета за еден од најзначајните автори на кратки раскази во шпанското говорно подрачје.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото