Научниците со години верувале дека само машките птици умеат да пеат

19.11.2020 14:21
Научниците со години верувале дека само машките птици умеат да пеат

Научниците повеќе од 150 години веруваа дека кај повеќето видови птици можат да пеат само мажјаците, произведувајќи сложени вокализации во сезона на парење, додека кај женките можноста за вокализација е поретка и невообичаена.

Меѓутоа, во изминатите 20 години, истражувањата покажале дека кај бројни видови птици, особено во тропските краеви, и женките и мажјаците можат да пеат. Некои од примерите се Icterus icterus (источна плавица) која со песна комуницира со партнерите во време на парење.

Поновите истражувања покажуваат дека женското пеење е пораширено отколку што се мислело и дека постои голема веројатност дека машкото пеење се развило токму од изворните вокализации на женките.

Недостатното знаење од ова подрачје поттикнало група истражувачки да го анализираат полот на автор(к)ите на истражувањата на пеењето на женските птици во изминативе 20 години. Имено, забележале дека токму жените-авторки ги произвеле најзначајните понови истражувања.

Анализата покажува дека научничките се заслужни за промена на воспоставеното – и погрешно – уверување дека пеењето е карактеристика исклучиво на машките птици. Конкретно, веројатноста дека мажите ќе го истражуваат пењеето на женките била 24 % помала.

„Кога би бил помал бројот на жени што се бават со оваа област, веројатно би било потребно повеќе време да дојдеме до ова ново разбирање а еволуцијата на пеењето на птиците“, велат авторките на анализите.

„Нашата анализа неоспорно ја докажува важноста на тоа кои се истражувач(к)ите, од каде доаѓаат, какви им се искуствата, од кој пол/род/раса се итн, бидејќи сето тоа влијае на нивната научна работа. Ова јасно ни порачува зошто е важно да се зголеми разновидноста во сите научни полиња“, заклучуваат авторките.

Извор: voxfeminae.com; weforum.org