Музејот на современата уметност во сина боја за Светскиот ден на децата

20.11.2020 11:38
Музејот на современата уметност во сина боја за Светскиот ден на децата

Во знак на одбележување на Светскиот ден на детето,  вечерва и вчеравечер, некои објекти и обележја во Скопје се осветлија во сина боја како симболичен гест на нивната заложба за унапредување на правата на децата.

„Музејот на современата уметност – Скопје се вклучи кон одбележувањето во време на еден од најголемите предизвици во нашата понова историја. Пандемијата на коронавирусот ги разоткри длабоките нееднаквости во нашите општества, ставајќи ги децата под ризик да станат скриени жртви“, пишуваат од институцијата.

Минатата година значајни обележја во светот се обоија во сино, вклучувајќи ги Европскиот парламент во Брисел, Пантеон во Франција, Акрополис на Атина во Грција, Палатата на мирот во Хаг, Холандија, Раштрапати Бахаван во Индија, Петра во Јордан, мостовите на Босфор во Турција и многу други.

Надоврзувајќи се на успехот што во 2019 година го имаше првиот состанок на високо ниво во државата #KidsTakeover, кога младите отворија дискусија со владините министри на теми што се однесуваат на нивниот живот, на 20 ноември оваа година, УНИЦЕФ го поддржува вториот #KidsTakeover на кој учесниците ќе се осврнат на најважното прашање што ги засега децата – како ја замислуваат иднината на образованието и како подобро да се надгради образованието по Ковид-19.

 

Слични содржини

Став / Култура

ОкоБоли главаВицФото