Боите на земјотресот

20.11.2020 22:00

Тогаш страшен земјотрес
го кршеше Градот:
урнати куќи и згради
и луѓе на пат кон свиреп сон.

Напукнати згради и
навалени куќи живееја
и по смртната болест.

Потем, линии водорамни
врз објектите се цртаа:
Зелени, жолти и црвени.
Најтешката, црвената, значеше:
да се урне, не е за живот!

Пред неколку години секојдневни
земјотреси го нишаа Градот:
таа пролет и тоа лето
исти силни бои се користеа
но сега во форма на енформел.

Беше ли тоа сеизмолошки обид
да се разурне идејата за еден
белосветски и бел ботокс-барок?

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото