Земјотрес и суверие

23.11.2020 10:14

На Вера Чејковска (1954-2018)


Кога една
поетеса-сеизмолог
(во светот мошне
ретка комбинација)
во обичен разговор
ќе го изговори
зборот – земјотрес,
тогаш некаде
во светот
навистина земјата
започнува
да се тресе.

Понекогаш
и во светот
но и кај нас
некои смели
и силни поети
скромно посакуваат
со своите нови стихови
земјата да ја затресат.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото