Информативни онлајн работилници за наградата „Вавилон“

23.11.2020 10:53
Информативни онлајн работилници за наградата „Вавилон“

Делегацијата на ЕУ и ЗПРМ во септември 2020 година го објавија Конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“ 2021 кој завршува на 4 април 2021 година. Ова е осмиот циклус од Наградата, во чии рамки ЗПРМ Организира промотивни и едукативни активности.

На 25 ноември и на 10 декември, во 18:00 часот, ќе се одржат онлајн информативни средби и практични работилници за Конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“.

На овие работилници заинтересираните ќе може да се информираат за главните критериуми за учество, процесот на оценување, придобивките од учествувањето и освојувањето на наградата, а ќе бидат споделени и искуства и корисни совети од искусни книжевни преведувачи. Исто така детално ќе биде објаснето како учесниците да изберат дело што ги исполнува критериумите за конкурсот.

Работилницата на 25. ноември ќе се одржи на следната Zoom врска, https://us02web.zoom.us/j/81986346840, а онаа на 10. декември на следната врска https://us02web.zoom.us/j/82962563484.

Наградата „Вавилон“ се доделува уште од 2014 година. Целта на наградата е да се поттикнат младите преведувачи да преведуваат од повеќе јазици и да се вклучат преведувачи од повеќе националности за да се збогати културната ризница преку книжевниот превод. Преведувачите, не постари од 26 години, ќе имаат можност да преведуваат извадок од дело од еден од 24-те официјални јазици на ЕУ на еден од јазиците што се зборуваат во Република Северна Македонија.

Повеќе информации за Наградата и за Конкурсот на следниот линк: https://babylon.mk/