Осудена ескалацијата на бугарските аспирации спрема Југославија

24.11.2020 11:08
Осудена ескалацијата на бугарските аспирации спрема Југославија

На осумнаесеттата проширена седница на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија дадена едногласна поддршка на ставовите на југословенската делегација во разговорите со делегацијата на НРБ и БКП.

Вчера Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија ја одржа осумнаесеттата проширена седница.

На дневен ред на седницата беа некои актуелни прашања од односите со НР Бугарија.

Извештај за работата на делегацијата на СФРЈ и на СКЈ во разговорите со делегацијата на НРБ и на БКП, одржани во деновите 9 и 10 ноември 1970 година во Софија, поднесе членот на Извршното биро на Претседателството на СКЈ, Крсте Црвенковски.

Во опстојната дискусија во која зедоа учество голем број од присутните, Осумнаесеттата проширена седни ца на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија едногласно ја одобри работата и ги поддржа ставовите на јутословенската Делегација и констатира дека во текот на разговорите делегацијата на СФРЈ и на СКЈ непрекинато настојувала единствено во духот на општопознатите и прифатени ставови на надворешната политика на СФРЈ, да се изнајдат можности за отстранување на тешкотиите и кризните состојби во односите меѓу СФРЈ и НР Бугарија, а врз база на принципите на заемно почитување на територијалниот интегритет и немешање во внатрешните работи.

Настојувањата на југословенската делегација не доведоа до позитивни резултати поради обновените обиди на делегацијата на НРБ и на БКП, и во оваа прилика, да изврши натамошна ескалација на бутарските аспирации спрема СФРЈ, искажани пред сè, во натамошно опстојување на тезата за Санстефанска Бугарија, во негирањето на македонсната нација и нејзината историја и во одбивањето да им се признаат националните права на Македонците во Пиринска Македонија, во согласност оо меѓународната демократска практика.

Осумнаесеттата проширена седница на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија констатира, исто така, дека горните настојувања на бугарската делегација, наспроти вербалните убедувања во непостоењето на територијални аспирации, се во длабока и суштинска спротивност со општите дви жења во современиот свет кон мир и разбирање меѓу народите, посебно во длабока и суштинска спротивност со општоприфатениот тренд во Европа кон мир, срработка и отфрлање на војната и територијалните аспирации, како опасни методи во меѓународните односи.

Извор: „Нова Македонија“, 1970г.

Слични содржини

Општество / Балкан / Теорија / Историја
Балкан / Култура / Теорија / Историја
Општество / Балкан / Теорија / Историја
Општество / Активизам / Балкан / Историја
Европа / Балкан / Историја

ОкоБоли главаВицФото