Град, земјотрес и поезија

24.11.2020 15:04

На Славко Јаневски (1920-2000)

Постојат градови во кои
поезијата постојано
се преобразува
како што преобразуваат сè
и стихиите
и земјотресите.

Сантјаго со Неруда,
Мексико Сити со Пачеко,
Лисабон со Песоа,
Александрија со Кавафис,
Истамбул со Хикмет,
Скопје со Јаневски.

И овој Град, Чекајќи чума,
поетски и сеизмолошки,
се менува без престан
и станува дел од светот
што седи во карантин
и станува духовна Депонија.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото