1019 hPa
87 %
7 °C
Скопје - Пет, 24.01.2025 16:59
Насловната на Марка
Веста за смртта на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Аргентинецот Диего Марадона, ги погоди заљубениците во фудбалот ширум светот. За многумина „малиот зелен“ беше најдобриот фудбалски виртуоз на сите времиња, а веста за неговата смрт посебно ги погоди навивачите на Наполи кои го гледаа Марадона како божество.
Освен во Италија, Марадона го обожаваа и во Шпанија каде помина еден дел од својата фудбалска кариера. Иако фановите на Бока сакаа да остане засекогаш, тој после една сезона замина во Барселона за тогаш рекордни 7,3 милиони долари.
После две сезони на Камп Ноу се пресели во Наполи за уште еден светски рекорд од 13 милиони долари каде со клубот освои две титутли, Купот на Уефа, италијанскиот Куп и Суперкупот.
Го напушти Наполи во 1991 година, заработувајќи 15 месечна суспензија заради злоупотреба на кокаин, а после суспензијата ѝ се придружи на Севилја. Во својот нов шпански клуб одигра само 26 натпревари, далеку од успехот што го постигна во Наполи.
Без оглед на сѐ и во Шпанија му посветија неколку насловни страници, а особено интересна беше онаа на Марка: „Ако умрам сакам повторно да се родам како фудбалер. Сакам повторно да бидам Диего Марадона. Јас сум фудбалер кој развесели многу луѓе и тоа за мене е доволно“.
Насловната на Мундо Депортиво
Реакции од останатиот меѓународен печат за смртта на Диего Марадона:
Германија:
„Билд“: „Адиос, Диего! Марадона во Божјата рака. Диего Армандо Марадона (60), најголемиот фудбалски уметник во светот, е мртов!“
„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: „Помеѓу гениј и лудило. Светот на фудбалот мора да се прости од еден од своите најголеми играчи: Диего Армандо Марадона почина на возраст од само 60 години. (...) Светски првак, победник, слектор, допингуван грешник, неуспешен ТВ водител и кокаински наркоман, сѐ во едно - впрочем премногу за еден живот.“
„Зудојче Цајтунг“: „Божјо подножје (...) Најчовечниот од сите богови. Грешен гениј: Малкумиина исполнија толку важни различни поглавја како Диего Армандо Марадона. Аргентинецот со години чекореше помеѓу небото и пеколот.“
„Ди Велт“: „Богот е мртов! Диего Марадона беше гениј, лудак, зависник - а за своите обожаватели само ’D10S’, ’Бог’. Сега е мртов.“
„Дер Тагешпигел“: Божествен. Генијален, луд, трагичен - Диего Марадона беше противречна личност.“
Италија:
„Ла Република“: „Диего Армандо Марадона имаше апсолутен талент за две нешта: фудбал и самоуништување. Долго време истовремено играше со двете, а потоа запре со едното па продолжи со другото до очекуваниот последен свиреж во шеесеттата. (...) Најголем предизвик на Марадона беше да ја сокрие својата мрачна страна.“
Насловната на Спорт
Франција:
„Либерасион“: „Веше вистински фудбалски виртуоз. Во своите најдобри моменти Диего Марадона можеше да нѐ натера да се посомневаме во правилата на физиката, дури и во сопствената смрт. Неговиот дриблинг, неговите трикови и слаломи ги плашеа противниците. Научниците сериозно сугерираат дека неговото тежиште беше пониско од нормалното, а големиот латиноамерикански книжевник Едуардо Галеано еднаш изјави дека „Марадона има очи по целото тело“. (...) Кога играше фудбал беше натприроден. Кога не беше на теренот, се појавуваа сите негови човечки слабости: дрога, алкохол, булимија, ескорт-девојки и другите опсесии пребрзо го надвладеаја неговиот талент.“
Швајцарија:
„Бернер Цајтунг“: „Аргентинецот водеше многу животи - еден како можеби најбрилијантниот фудбалер од сите, а исто толку и многу нездрави и самоуништувачки. (...) Можеби тоа е неговото најголемо постигнување кое го оствари. Не само што проживеа многу животи, проживеа и многу нездрави животи. И во Аргентина велат: мачката има седум животи, но со Марадона престанаа да ги бројат.“
Извор: https://sportske.jutarnji.hr/