
Една гуска
ѝ рекла на друга гуска
дека е гуска.
„Си, гуска.
И повторувам: гуска.“
Се налутила другата гуска.
Нејзе една гуска
да ѝ каже дека е гуска?!
И ѝ викнала: „Гуско!
Зарем ти, една гуска,
мене да ми кажеш - гуска?“
А првата пак: „Си!
Баш си гуска, гуска, гуска.“
Цел ден се расправале, веќе
ноќните саати се втиснувале,
бидејќи гуските меѓусебе
тешко се објаснувале.
Превод: П. В.