Неколку факти за Југославија и нејзините Македонци

30.11.2020 12:18
Неколку факти за Југославија и нејзините Македонци

Бурлескната изјава на македонскиот премиер Зоран Заев, за тоа дека Југославија ги „одвојувала и ги држела далеку Бугарите и Македонците“ треба да се гледа како колаж на неколку грозни и испреплетени политички трендови типични за пост-југословенските политичари, кои најчесто се карактеризирани со губење на државничко и дипломатско самопочитување, но и неумесно промовирање на историскиот ревизионизам.

„Југославија е мртва!“, повик кој хорски одѕвонува од устите на нашите етно-националисти и државотворци во последните неколку децении. Од друга страна, словенечкиот етнолог Божидар Језерник сликовите потсетува на латинската изрека: De mortuis nil nisi bonum (За мртвите сè најдобро…), и го поставува прашањето: „Ако Југославија навистина е мртва, зошто на многумина и денеска толку им пречи?“ Хм.

На македонскиот премиер, меѓутоа не му е спорна анексијата на Вардарска Македонија, изведена од страна на тогашното Кралство Бугарија (а под патронат на нацистичка Германија), која не беше само „некаква администрација (…) на почетокот“, туку класична узурпација и окупација на територијата на една соседна земја, која траеше сè до септември 1944 година.

На Заев, се разбира спорна му е Југославија (1) чие Антифашистичко собрание на народното ослободување (АВНОЈ) во ноември 1943 година донесе заклучок дека Македонците се самостоен и суверен народ, а Македонија е рамноправна република внатре во Југославија.

Истата таа Југославија, по завршувањето на Втората светска војна, ја услови нормализацијата на односите со Бугарија со: 1. признавање на македонската национална посебност од страна на НР Бугарија, 2. пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев од Софија во Скопје, чиј церемонијален пренос е извршен во октомври 1946 година. (Интересен факт: Делчев е еден од најважните личности во историјата на Северна Македонија, кој се споменува дури и во текотот на македонската државни химна). Бугарија на крајот го призна постоењето на македонската народност и овозможи учење на македонскиот јазик во Пиринска Македонија (југозападна Бугарија), па истата таа година, на тамошниот попис на населението, над 150 илјади луѓе се изјаснија по националност Македонци.

Во летото 1947 година, на Блед ќе дојде до потпишување на повеќе билатерални договори (во историографијата познат како Бледски договори), во рамките на кој е предвидено формирање на царинска унија меѓу Југославија и Бугарија. По тој повод, Југославија официјално изјави дека се откажува од 25 милиони долари, кои Бугарија беше должна да и ги исплати како воена оштета. Југославија, меѓутоа бараше на Македонците и на Бугарите да им се обебзеди право на национална, економска и културна автономија, со конечна цел Пиринска Македонија во иднина да се приклучи кон новата македонска република.

Сепак, по ескалирањето на дипломатскиот судир меѓу Југославија и ССР и објавувањето на Резолуцијат ана Информбирото (1948), официјална Бугарија го отфрли концептот на македонска културна автономија и ја забрани употребата на македонскиот јазик во училиштата во Пиринска Македонија. Од тој момент започнува процесот на негирање и непочитување на македонската национална посебност, за веќе од 1958 година Бугарската комунистичка партија да заземе официјален став дека македонскиот народ и македонскиот јазик – не постојат.

Во меѓувреме, во рамки на Југославија, Социјалистичка Република Македонија по првпат во историјата формираше органи на модерна државна власт. Основан е Македонскиот народен театар (1945), потоа Универзитетите во Скопје (1949) и Битола (1979), формирана е Македонската академија на науките и уметностите (1967), а македонскиот народ со Уставот на СФРЈ од 1974 година, доби контитутивно право на самоопределување, кое на крајот ќе го искористи во септември 1991 година, по што (Северна) Македонија ќе стане независна држава.

Се покажа дека Македонците единствено можат да бидат Македонци … и дека Македонија (без никакви придавки и прерогативи) може навистина да биде Македонија.. само во рамките на онаа мртва (?) и кутра кралица. Затоа е нужно, на крајот да се парафразира насловот на оваа колумна: беа ова всушност само неколку факти за Македонците и нивната Југославија.

Авторот е асистент на катедрата за политичка историја на Хуманистички студии (УДГ) во Подгорица.

Слики: Славко Пенго

Извор: vijesti.me 

ОкоБоли главаВицФото