Отворено писмо до австралиската премиерка

13.12.2010 11:18
Отворено писмо до австралиската премиерка

Почитувана премиерке,

Со загриженост ја забележуваме сè позачестената насилничка реторика насочена против Џулијан Асанж од Викиликс.

„Господинот Асанж би морале да го третираме како и останатите опасни терористички мети: да го убиеме“, пишува конзервативниот колумнист Џефри Т. Кунер во Washington Times.

Вилијам Кристол, поранеше шеф на кабинетот на потпретседателот Ден Квејл, прашува: „Зошто да не ги искористиме разните методи кои ни стојат на располагање за попречување, грабнување или неутрализација на Џулијан Асанж и неговите соработници, каде и да се наоѓаат тие?“

„Зошто Џулијан Асанж не е мртов?“, пишува истакнатиот американски аналитичар Џона Голдберг.

„ЦИА веќе требаше да го убие Џулијан Асанж“, вели Џон Хокинс на интернет страницата Right Wing News.

Сара Пејлин, која најверојатно ќе биде претседателски кандидат, го спореди Асанж со водачот на Ал Каеда; Рик Санторум, поранешен сенатор од Пенсилванија и потенцијален претседателски кандидат, го обвинува Асанж за тероризам.

И така натаму.

Ваквите апели не можат да се пишат како празни зборови. Последниве десет години сведоци сме на нормализација на вонзаконските мерки кои порано беа незамисливи, од „вонредното депортирање“ (грабнување) до „засилено испитување“ (измачување).

Во тој контекст, сега сме длабоко загрижени за безбедноста на господинот Асанж.

Без оглед на политичките контроверзи кои ги следат Викиликс, господинот Асанж и понатаму има право својата работа да ја врши безбедно, и има право на процедурално правичен третман во секоја правна постапка која се води против него.

Како што Ви е добро познато, Џулијан Асанж е австралиски државјанин.

Затоа Ве повикуваме, во име на австралиската влада, да ги осудите апелите за физичко загрозување на господинот Асанж, и јавно да потврдите дека ќе му овоможите да ги добие сите загарантирани права и заштита, без оглед на тоа дали незаконските закани ги испраќаат поединци или држави.

Бараме јавно да ја потврдите посветеноста на Австралија за слободата на политичката комуникација; да се воздржите од одземање на пасошот на господинот Асанж во недостаток на јасни докази дека таквата постапка е оправдана; да му пружите правна помош и да сторите сè што е во Ваша можност процесите кои се водат против него да бидат целосно во согласност со начелата на законската и процедуралната правичност.

Вашата изјава во тој поглед не би требало да биде контроверзна – тоа е едноставно потврда за почитувањето на демократските принципи и владеењето на правото.

Уверени сме дека овој случај претставува своевидна пресвртница чие значење ги надминува господинот Асанж и Викиликс. Во многу делови на светот заканите со смрт редовно ги премолчуваат луѓето кои сакаат да објават или поделат контроверзни материјали. Ако се дозволат вакви повици за линч на господинот Асанж, добитникот на медиумската награда на Amnesty International, ќе се воспостави загрижувачки нов преседан на англиското говорно подрачје.

Во овој пресуден миг, Вашата одлучна изјава, како и онаа на Вашата влада, би можела да донесе важен пресврт.

Го очекуваме Вашиот одговор.

Список на потписниците

Извор: abc.net.au

Слика: Евгениј Соловјов

"ги премолчуваат" ??? да не

"ги премолчуваат" ???

да не треба да биде замолчуваат?

Не, овде се мисли дека луѓето

Не, овде се мисли дека луѓето кои ги објавуваат контроверзните документи ги премолчуваат, т.е. не ги пријавуваат заканите упатени до нив.

ОкоБоли главаВицФото