Со предавање за женското движење во Бугарија заврушува КРИК 05

30.11.2020 14:35
Со предавање за женското движење во Бугарија заврушува КРИК – фестивал за критичка култура

Годинашново петто издание на КРИК – фестивал за критичка култура во организација на „Контрапункт“ завршува утре (вторник 1 декември) со предавањето од третиот програмски дел на тема „Леви феминистички хоризонти: професионализирање или радикализирање на женското движење во Бугарија“. Гостинка на фестивалот е Марија Иванчева, социолог и антрополог од Бугарија, која ќе одржи онлајн предавање со почеток во 19 часот, а по предавањето ќе се одржи и дискусија која ќе ја модерира Јана Коцевска.

Предавањето ќе се одржи на англиски јазик, со пренос во живо на официјалната фејсбук страница на КРИК, на следниот линк.

Темата на годинашното издание на КРИК 05 е „Конечноста и кршливото општество – социјализам, слобода и секуларност“ е инспирирана од книгата на Мартин Хеглунд „Овој живот – секуларна вера и духовна слобода“ и понатаму останува да биде актуелна.

Излагањето на Иванчева се базира на истражувањето и искуството поврзано со темата за континуитетите и прекините на женското движење во Бугарија. Спроти искуството на (анти) феминистичката либерална рамка на борбата против семејното насилство во Бугарија во 2000-тите, се анализираат појавите и работата на левата феминистичка група LevFem. Од 2018 година, групата се стреми кон политизирање на дебатата за и ангажирање на работата поврзана со насилството покренувајќи прашања за ре/продуктивна работа, структурната нееднаквост и неолибералната капиталистичка војна врз бугарските жени, етичките и сексуалните малцинства, како и врз општеството генерално. Излагањето ќе се фокусира на некои достигнувања и предизвици поврзани со движењета кои имаат социјалистички феминистички фокус во поширокиот контекст на ретрарадиционализацијата и десекуларизацијата, од кои Бугарија е еден пример меѓу многуте.

Марија Иванчева е бугарски социолог и антрополог, која моментално живее и работи во Велика Британија. Таа има истражувано и објавувано на темите: високото образование, трудот, прекарноста, меѓусекторските нееднаквости и улогата на универзитетите и нивните заедници во пошироките процеси на социјалните промени, особено од и од социјализмот. Марија е член на уредничкиот одбор на LeftEast и на бугарскиот левичарски феминистички колектив LevFem.

Постојани партнери на Контрапункт и КРИК се: Мултимедијалниот институт МаМа од Загреб, kuda.org од Нови Сад, Booksa (Културтрегер), Загреб, порталот Окно – okno.mk

КРИК – фестивал за критилка култура е поддржан од: Allianz Kulturstiftung, Министерство за култура / Ministria e Kulturësа Министерство за култура на Северна Република Македонија, Goethe-Institut Skopje, Гете институт Брисел, Креативна Европа, Фондација Отворено општество - Македонија