Златното јаболко и деветте милиони мајмуни

01.12.2020 12:59
Златното јаболко и деветте милиони мајмуни

Луѓето кои веруваат во заговори ме потсетуваат на мајмун фатен во стапица. Мајмунот ѝ приоѓа на пукнатината во дрвото, го мириса јаболкото што се наоѓа внатре, ја провлекува шепата за да го дофати и – сега е заробен: не сака да го пушти јаболкото а не може да ја извлече шепата сосе јаболкото. Во имагинацијата на мајмунот јаболкото веќе е во устата; во стварноста пак, јаболкот никогаш нема да биде во устата. Иако ги мрази ловџиите и напукнатото дрво, им се покорил.

Така ловат мајмуните.

Верувањето во заговори не зборува толку за човековиот однос кон вистината, колку за неговиот однос кон моќта и копнежот: човекот верува дека моќта е корумпирана , дека системот е наместен, дека медиумите го лажат, дека живее во шума на глобална пропаганда, дека е беспомошен, но дека има некој што не е беспомошен. Сето тоа е точно како што е точно дека јаболкото мириса. Меѓутоа, наративот што ја опкружува таа вистинита интуиција е целосно лажен. Копнежот по јаболкото го спречува мајмунот да го разбере контекстот на јаболкото, вистинскиот систем во кој се наоѓа јаболкото.

Томас Ман верувал дека наци тоталитаризмот во основа почива врз длабокиот копнеж по народна бајка, a deep desire for a folk tale. Фредерик Џејмсон бил попрецизен: заговорот е когнитивно мапирање на сиромашниот човек во постмодерното доба; тоа е деградирана фигура на вкупната логика на доцниот капитал, очаен обид да се претстави последниот систем, чиј неуспех е обележан со неговото лизгање во проста тема и содржина.

Џејмс Брајдл се враќа на проблемот на встинска интуиција спакувана во лажен наратив: Многу теории на заговор би можеле да бидат еден вид народно знаење: несвесно претскажување на условите, наратив произведен од оние со длабока, дури скриена свест за постојните услови и без начин да ги артикулираат во научно прифатливи термини.

Кога мнозинството ќе поверува во народната бајка, стварноста почнува да се распаѓа. Што да се прави со тие луѓе? Не знам. За почеток, не ги мразете: не им е лесно. Ловот е проблем, ловот како систем, не мајмуните.

Прегрнете ги, ако можете.

 

Слика: Scott White

ОкоБоли главаВицФото