Срам ми е од мали нозе

01.12.2020 20:37

Помина и полноќта,
беше околу еден,
кога на светов дојдов
уплакан и неугледен.

Околу мене луѓе сериозни
одат меко, полека,
сите во бела преслека,
а јас само - без облека!

Ме гледаат редум
како да сум педа беда,
од сите страни голото бебе
морало да се гледа!

Ѕвераат во мене очи,
па жмиркаат, па ме мерат,
што можев во тој момент
освен машки да се дерам.

Плачев ко дожд: мораше ли
така да бидам доведен
и прв пат пред странци
да застанам како од мајка роден?!

Препев: П. В.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
Пандалф Вулкански
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото