Ветото на Бугарија или „да му цркне козата на комшијата“

02.12.2020 20:33

1. Ветото на Бугарија не е пријателски гест.
2. Ветото на Бугарија нема никаква врска ниту со европските интереси, ниту пак со цивилизациските вредности.
3. Ветото на Бугарија прави трајна штета врз македонско-бугарските односи.
4. Зад ветото на Бугарија не стои никаков „бугарски патриотизам“, затоа што тоа вето не им служи на интересите на Бугарија, туку на некои други сили.
5. Ветото на Бугарија нема никаква врска со историјата како наука.
6. Ветото на Бугарија и прави голема штета на Македонија и никогаш нема да биде заборавено.
7. Ветото на Бугарија не е никаков изговор за говор на омраза и нетолеранција кон Бугарите, затоа што имаме голем број на бугарски и европски пријатели кои се спротиставуваат на неевропските политики на Бугарија.
8. Ветото на Бугарија не треба да не поколеба во стремежот да градиме пријателски односи со сите соседни земји и да ги подобруваме патните и други врски со Бугарија.
9. Ветото на Бугарија не може да се оправда со фактот што во Бугарија е почната предизборна кампања со елементи на говор на омраза кон Македонија, и што некои политичари печалат рејтинг за сметка на влошување на македонско-бугарските односи.
10. Ветото на Бугарија не може да се оправда со ништо друго освен со поговорката „да му цркне козата на комшијата“.

Жарко Трајаноски, Фејсбук, 30.11.20.