1010 hPa
76 %
11 °C
Скопје - Саб, 06.12.2025 10:59

Скопската пожарна кула во Автокоманда доби свој мурал, насловен „Хероите на градот“ во чест на скопските пожарникари. Авторка на муралот е уметницата Јана Јакимовска, професорка на ликовната академија во Штип, а изработката е направена заедно со уметникот Ненад Тонкин.
„Благодарност до град Скопје, КреАрт и МКЦ, до командантот на Скопската противпожарна служба Влатко Симоновски, до времето кое не’ послужи до денес, а најголема благодарност до хероите на градот, нашите пожарникари кои секојдневно беа со нас, не’ бодреа и ни помагаа да ги премачкаме овие 180 метри квадратни, најчесто искачени на фамозниот Сноркел. Со нови мурални авантури се гледаме во 2021“, напиша на својот ФБ профил уметницата Јана Јакимовска.

.jpg)
.jpg)
Слики: Фејсбук профилот на авторката