1014 hPa
54 %
25 °C
Скопје - Саб, 06.06.2026 20:59
Сè што има крила - лета:
птица, пеперуга, бубамара;
само прозорецот има крила
но да лета - нема дарба.
Сè што има нозе - скока
или трча некаде да стаса;
за тоа, за жал, не знаат:
фотелјата, столот и масата.
Сè што има глава - мисли,
и често со неа се служи;
само шајката главата ја носи
на чеканот радост да му пружи.
Превод: П. В.