
Кинеската режисерка и писателка Сики Сонг (Siqi Song) нè потсетува дека едноставните традиции од домот остануваат со нас без оглед колку патуваме.
Таа живее и работи во Лос Анџелес и во својата најнова стоп анимација „Паричка“ раскажува за едно девојче кое се бори да ги задржи остатоците од домашниот празничен ритуал.
И овој краток анимиран филм на Сонг освои повеќе награди на фестивалите како и нејзината претходна анимација „Сестра“ во која зборува за политиката на едно дете во Кина.
Извор: thisiscolossal.com