Вакцина

07.12.2020 12:03
Вакцина

Латинизмот „вакцина“ потекнува од латинскиот збор vaccina, кој е изведен од именката vacca „крава“.

Зборот бил првпат употребен во 1796 година од страна на англискиот лекар Едвард Џенер, изумителот на вакцината против големите сипаници. Џенер забележал дека млекарите кои претходно биле заразени со кравји сипаници не заболуваат од во тоа време смртоносните големи сипаници. Тоа го поттикнало да создаде биолошки препарат кој поради тоа што се состоел од вирус на кравји сипаници го добил називот vaccinum „кравјo“.

Од првата вакцина на Џенер, кој се смета за татко на имунологијата, до денес се развиени вакцини за многу заразни болести. Благодарение на изумот на вакцините денес многу заразни болести се или целосно искоренети или нивната инциденца е драстично намалена.

Извор: ΑΡΓΩ

 

Слични содржини

Култура / Историја
Историја
Историја
Историја
Историја
Историја
Историја
Историја

ОкоБоли главаВицФото