Доаѓа вакцината

07.12.2020 14:03
Доаѓа вакцината

Оваа година, многумина од нас преживеаја теѓки денови, без оглед дали се обидувавме да работиме и да ги шолуваме децата дома, или се грижевме како да ги платиме сметките зашт сме останале без работа, или како јас, спроведувавме научно истражување напоредно со работата во клиниката во борба со Ковид-19. Како научник, силно верувам дека напредокот на науката ќе овозможи излез од оваа пандемија. Но се плашев дека сопирањето на овој вирус предолго ќе трае. Никогаш не ми било толку драго што погрешив.

Британија е првата држава која ја одобри итната употреба на вакцината за Sars-CoV-2, вирус кој предизвикува Ковид-19. Како стигнавме толку брзо дотука? За да добие печат од Агенцијата за регулирање на лекови и здравствени производи ((Medicines and Healthcare products Regulatory Agency, MHRA)), тело кое проверува дали лековите се безбедни, вакцината развиена од компаниите „Pfizer“ и „BioNTech“ помина низ три фази на клинички испитувања. Во третата фаза, вакцинирани се над 43.000 волонтери и немаше сериозни проблеми. Податоците покажуваат дека вакцината е 95 отсто ефикасна во спречувањето на развој на болеста Ковид, приближно подеднакво во сите возрасти и во сите полови, расни и етнички групи, вклучувајќи ги и постарите лица.

Станува збор за информациона РНК вакцина (iRNК; англ. mRNA), што значи „информациона рибонуклеинска киселина“? Во основа, тоа е шема според која живите клетки ги претвораат генските низи во протеини кои ја сочинуваат нивната фундаментална структура. По вакцинацијата, iRNK во вакцината се преведува во вирусен протеин, кој го детектира нашиот имунолошки систем. Телото генерира имунолошки одговор како реакција на овие вирусни протеини, кои самите не можат да предизвикаат болест, а тоа обезбедува заштита од развивање на болеста Ковид-19.

Во областа на истражувањето на вакцините, оваа технологија е целосно нова. Некои научници се сомневаа дека вакцината iRNK ќе биде решение за контрола на сегашната пандемија. Но, се покажа дека е изненадувачки едноставна: на паметен начин предизвикува вирусниот протеин да предизвика имунолошки одговор, додека iRNK се распаѓа во организмот по неколку дена, оставајќи го само имунитет на ковид.

За да се постигне добар имунолошки одговор, се даваат две дози на вакцината во рок од 21 ден, додека заштитата кај оние кои ја примиле се развива околу една недела по примањето на втората доза. Со цел да се избегнат непотребни одложувања, по совет на Комисијата за хумана медицина, независното владино експертско-научно советодавно тело, MHRA, презеде ригорозно „етапно испитување“ на податоците за вакцините, следејќи го ритамот на нивното објавување. Вакцината се покажа како безбедна, затоа од оваа недела е одобрена за употреба кај населението во Велика Британија.

Европската комисија препорача земјите-членки на ЕУ да чекаат одобрување од Европската агенција за лекови (ЕМА) пред самите да ја одобрат вакцината, што се очекува во втората половина на декември. И покрај тврдењата дека Брегзит дозволи Велика Британија брзо да ја одобри вакцината, тоа не е точно: според законите на ЕУ, на националните агенции-членки им е дозволено да применат итна постапка што им овозможува да ја дистрибуираат вакцината на нивната територија за привремена употреба. Британската МХРА, која важи за светски лидер во регулацијата на лекови и вакцини, го потврди ова во своето неодамнешно соопштение.

Европската комисија препорача земјите-членки на ЕУ да чекаат одобрување од Европската агенција за лекови (European Medicines Agency, ЕМА) пред самите да ја одобрат вакцината, што се очекува во втората половина на декември. И покрај тврдењата дека Брегзит дозволи Велика Британија брзо да ја одобри вакцината, тоа не е точно: според законите на ЕУ, на националните агенции-членки им е дозволено да применат итна постапка што им овозможува да ја дистрибуираат вакцината на нивната територија за привремена употреба. Британската агенција (MHRA), која важи за светски лидер во регулацијата на лекови и вакцини, го потврди ова во своето неодамнешно соопштение.

Обединетото кралство веќе купи 40 милиони дози вакцина, од кои 800.000 се подготвени за најранливите категории преку мрежа од околу 50 болници. Националната здравствена служба (National Health Service, NHS) и министерствата веќе извесно време работат на логистиката на целата програма. Први во редот за примање на вакцината се оние кои имаат најголем ризик од заболување и смртност од Ковид-19.

На 2 декември, заедничкиот комитет за вакцинација и имунизација (Joint Committee on Vaccination and Immunisation, JCVI) објави ревидиран список на приоритети за вакцинација, во согласност со фазата на пандемија во која сега се наоѓаме. Идентификувана е најдобрата стратегија, според која старите лица се на врвот на приоритетите на првата фаза од програмата за вакцинација - особено оние во домовите за стари лица, како и нивните негуватели, а потоа и здравствените и социјалните работници на првата линија на борбата против пандемијата. По последната промена на упатствата објавени од JCVI, клинички екстремно чувствителните повозрасни луѓе, од кои многумина ја поминаа оваа година заклучени во своите домови, се ставени погоре на оваа листа и сега се четврти во редот за примање на вакцината.

Откако ќе бидат вакцинирани најранливите групи, планот е да се вакцинираат сите оние кои имаат поголем ризик од инфекција поради природата на нивната работа, како што се службите за итни случаи, наставниците, транспортните работници и војската. Оваа фаза на програмата може да се промени во согласност со растечкиот број на податоци и информации за ефектите на пандемијата и вакцините.

Најголемиот предизвик што ни преостанува е прашањето дали сите сме подготвени да ја прифатиме вакцината со доверба. Некој е загрижен дека во брзањето постои можност да сме користеле кратенки. Навистина не беше така. Други стравуваат дека вакцината iRNK може да ја измени ДНК кај оние што ја примаат - повторно, и ова не е точно. Развојот на вакцината навистина можеше да трае со години, но поголемиот дел од времето ретко се трошеше на самите клинички испитувања; беа собрани пари за да може воопшто да се направат испитувањата, беа усогласувани договорите, се чекаше дозволата од регулаторите. Историски гледано, истражувањето на вакцините ретко се спроведувало за време на пандемија како оваа, каде милиони луѓе секојдневно се изложени на инфекција, а илјадници се подготвени да учествуваат во тестирањето.

И покрај многуте ужаси, имаше и некои придобивки од оваа година - научивме дека многу брзо можат да се постигнат извонредни резултати ако во единствен потфат се вложат речиси неограничени финансиски ресурси и фокусот на огромен дел од светската наука, регулаторните тела и други критични инфраструктури. Затоа, прашањето за мене не е како успеавме за толку кратко време да стигнеме до почетокот на вакцинацијата против Ковид-19, туку зошто не можеме да го сториме истото за туберкулозата, ХИВ и маларијата, кои одземаат милиони животи секоја година. Што би се случило ако преземеме таков глобален потфат за други предизвици со кои се соочуваме, како што е еколошката катастрофа или подмолното зголемување на микробната резистенција на антибиотици?

Колку и да е тешко да признаеме, луѓето не се целосно рационални суштества. Докажаните научни податоци нема да го смират стравот од вакцините. Наместо да ја преплавуваме јавноста со податоци од безброј студии кои покажуваат дека вакцините се безбедни, сметам дека лекарите и научниците ќе бидат најкорисни кога едноставно ќе им препорачаат на луѓето да се вакцинираат.

Како и да е, веднаш штом ќе биде можно, ќе ме најдете како нестрпливо чекам во редот за вакцинација.


Извор: The Guardian