„Сцена без (с)цена“ - експериментален филм

08.12.20 14:18

Краткиот експериментален филм „Сцена без (с)цена“, снимен за истоимената уметничка инсталација, имаше онлајн премиера на 6 декември.

Како што соопшти Иницијативата за независен креативен активизам ИНКА од Струга, инсталацијата е реализирана од ликовните уметници Филип Велковски, Горан Ристовски и Доротеј Нешовски во периодот од 12 до 15 август 2020 година, како дел од интердисциплинараната програма „Раздримување 2020“.

Автори на краткиот филм се Ана Алексовска и Владимир Димоски. Во филмот е користен музика од Cucina Povera „Elektra“ (Hilja LP, Night School 2018).

 

ОкоБоли главаВицФото