Тужба за дискриминација во учебник, прва според новиот закон

09.12.2020 12:54
Тужба за дискриминација во учебник, прва според новиот закон

Коалиција Маргини и Мрежата за заштита од дискриминација ја поднесоа првата тужба против учебник од високо образование врз основа на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација.

Тужбата е за утврдување на дискриминација во учебникот „Основи на персонологијата 2“ од проф. д-р Благоја Јанаков, кој се користи во наставната програма на Филозофскиот факултет при УКИМ.

Според овие организации, вознемирувачките содржини вклучуваат: обвинување на жените за зголемениот број на разводи, осуда на прекинувањето на бременоста и квалификувањето на истополовите партнерства како забеганост. Бараме оваа содржина да биде отстранета и заменета со современа и научно-заснована содржина.

„Коалицијата Маргини, заедно со партнерските организации од Мрежата за заштита од дискриминација, подолго од една декада работи на елиминирање на дискриминирачките содржини во учебниците кои содржат невистни, научно незасновани ставови преку кои се одржуваат родовите предрасуди и стереотипи и се вознемируваат луѓето со различна сексуална ориентација и родов идентитет. Идентификуваваме повеќе од 20 учебника во сите нивоа на образование што содржат дискриминирачка содржина, најчесто врз основа на род, сексуална ориентација, родов идентиет и здравствен статус, а по наша иницијатва дел од овие учебници беа отстранети. Сепак, останува фактот дека образовните програми и материјали сé уште се полни со содржини што создаваат и одржуваат понижувачка и непријателска средина за жените, сексуалните и родовите малцинства.

На потребата од измена на наставните материјали уште во 2011 година укажа и Европската комисија во Извештајот за напредокот на државата, но досега малку е направено за елиминирање на дискриминацијата во образованието.

Поради ова, Коалицијата Маргини и Мрежата за заштита од дискриминација ја инфомира јавноста дека, покрај судската постапка, започнуваме со серија активности за подигнување на свеста на стручната и општата јавност за потребата од реформи во образованието со кои ќе се обезбеди квалитет во знаењата, напредок во науката и создавање нови генерации на вистински професионалци кои во својата професија ќе се водат од фактите, а не од предрасудите“, стои во соопштението од Коалцијата Маргини и Мрежата за заштита од дискриминација.


Во продолжение цитати од спорните содржини:

 

Извор: Коалиција Маргини