Забавен депресивец во Лузна парк

09.12.2020 13:25
Забавен депресивец во Лузна парк

 

Забавен депресивец во Лузна парк.


Секој интроверт заслужува тунел дома.


Упорно идам со глава у ѕид. Ѕидиот!


...а другиот лепрозен одговори: Знам дека ти помина главата, ама не знам кај отиде.


Само што помина рокот, ама не знам кај отиде.


Не е смртта крива, животот прв почна.


После бура иде затишје пред бура.


Некој ми го здиплил ќебето.




Имам продлабочени животни ставови оти сум амбисиозна личност.


Кога една врата се затвора, јас останувам со окото на клучалката.


И јас сум океј вака кога ме глеаш, ама имам пцуено смајлија.


Ако не се направиш камен нема да знаеш дали тонеш или пливаш.


Не знам да пливам, ама не се давам пошо сум своја.


Тоа што не те убива те обвинува тебе за тоа.


Не се римува со сѐ.


Желбата е копнежно превозно средство.




Им се налутив на моите чувства и повеќе не си играм со нив.


Да пробам да живеам од љубов? Се исплати?


Се нашминкав за до продавница, ама некако малку луѓе ме видоа.
Ќе поминам и откај контејнерите на зградата.


Ќе ме познаеш - таа со заборавената вклучена пегла.


Не се пеглам, ќе шетам така - во импресионизам.


Престанете да ја лажете Месечината дека има светла страна!


Сеедновечна криза.


Се гледаме voidнина.



Слики: Jaco Putker

 

ОкоБоли главаВицФото