1022 hPa
87 %
8 °C
Скопје - Пон, 02.12.2024 12:59
Оваа година на конкурсот за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите!“ на издавачката куќа Темплум пристигнаа 24 прозни ракописи од 23 автор(к)и.
Во продолжение го објавуваме списокот на сите пристигнати ракописи.
1. Никола Кузелов - „Нарака“
2. Тања Сарандеска – „Приказна бр 1“
3. Славица Купенкова – „Авантурите на Марко“
4. Мила Ноневска – „Сликовница и читанка за возрасни“
5. Ели Шапкарова – „Дневникот на Лана“
6. Тања Јовановска Каркалашева - „Флека од Солза“
7. Глигор Кондовски - „Четива од мојот пакет“
8. Димитар Арнаудов – „Непознатиот наратор, големата експлозија, Анахрон и Бог“
9. Јана Јуруковска – „Теорија на негубење време“
10. Блаже Дарудов – „Да се умре пред смртта на надежта“
11. Стефан Алијевиќ – „Ѕиркачот“
12. Ева Ристевска – „Звукот на тишината“
13. Ивана Димитровска – „Чекорот кон непредвидливоста на судбината“
14. Славица Купенкова – „Херојот на нашата улица“
15. Викторија Саздовска – „Фијаско на љубовта“
16. Билјана Ѓорѓиоска – „Пат за Франција“
17. Весна Јанкулоска – „Слободен пад“
18. Ангела Бошкоска – „Рамелија“
19. Ненад Алексовски – „Граса“
20. Јовица Вулетиќ - „Ѕвончица и волците“
21. Игор Лозаноски – „Исповед на еден телевизор“
22. Ива Дамјановски – „Четвртиот ѕид“
23. Фросина Насевска – „Одлука“
24. Зорица Станковска – „Проклета дванаесетка и приказна за лошата карма“
Наскоро жирито во состав Фросина Крушкаровска, Алекс Букарски и Давор Стојановски ќе ги објави насловите на ракописите кои ќе влезат во потесен избор за наградата. Победникот ќе биде прогласен кон крајот на месец декември.
Наградата за најдобар прозен дебитантски ракопис Новите! изнесува 1000 евра (бруто) и објавување на книгата во едицијата „Катапулт“.
Спонзор на наградата е Комерцијална банка А. Д Скопје.
Досегашните победници на конкурсот „Новите!“ можете да ги погледнете овде.